Бродовите од земјите кои се придржуваат до американските санкции против Иран во иднина ќе се соочуваат со сериозни потешкотии при минување низ Ормутскиот теснец. Ова го потврди портпаролот на иранската војска, Мохамад Акраминиа, во изјава за новинската агенција „Тасним“.
Нов закон за „непријателски држави“
Иранските пратеници веќе работат на нов закон со кој официјално ќе се формализира управувањето на Техеран со овој клучен поморски премин. Според најавите, законското решение содржи клаузули со кои експлицитно ќе се забрани преминот на пловила кои припаѓаат на „непријателски држави“.
Овој потег се смета за директен одговор на економскиот притисок од Вашингтон, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец е една од најважните точки за светскиот транспорт на нафта.
Ракетен напад врз трговски брод североисточно од Доха
Британската поморска трговска служба соопшти дека во неделата, трговски брод бил погоден со проект во водите североисточно од Доха.
„На бродот избувна пожар кој подоцна беше изгаснат. За среќа, нема жртви меѓу екипажот, ниту пак е забележано загадување на животната средина“, стои во извештајот.
Локалните власти и меѓународните поморски служби веќе спроведуваат истрага за да го утврдат потеклото на проектилот./Извор:Makfax


