2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Извештајот на ЕК потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на напредокот

-Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите, ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ и Левица е и за поглавјата кои се однесувата на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

Комисијата јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје.

Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност.

ДПМНЕ заедно со Левица се единствените антиевропски партии кои се најголемите кочничари на европскиот пат на земјата.“ – изјави Кузеска.