Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Заврши ли кризата? За една година трошоците за живот зголемени за 3,5%, платите и пензиите се зголемиле за 14%

Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за Индексите за трошоците за живот и цените на мало.

Споредено со месец септември, трошоците на животот се намалиле за 1,5% додека кај цените на мало има намалување од 0.6 проценти.

Сепак споредено со октомври минатата година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека цените на мало за 3,4%.

Но, овој раст на цените и трошоците за живот е далеку понизок од растот на платите и пензиите во речиси истиот период.

Според официјалните податоци, просечната плата во август оваа година е зголемена за 14,2 отсто во споредба со истиот месец лани.

Слично е и со пензиите. Пензионерите во октомври оваа година, имаат за 13,7 отсто повисоки пензии поради двете зголемувања во март и септември оваа година.

Веќе неколку месеци растот на платите и пензиите ја надминува инфлацијата, што според економистите е добар знак дека се случува економско заздравување.

На таков став е и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој неодамна рече дека „се додека растот на платите е подобар од инфлацијата тоа е добар параметар дека следната година ќе дојдеме во нормала“.

Ваквите трендови во економијата, сепак не ја одвраќаат Владата од креирање и реализација на нови мерки за поддршка за граѓаните, а новиот пакет антикризни мерки според денешните најави ќе биде објавен следната недела.

Извор: 24info.mk

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК