Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Работната група за изборни реформи заврши со работата, на ред се политичките партии

Третата седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство заврши со разгледување на работната верзија на Изборниот законик, негово усогласување и договарање како процедурално ќе се продолжи.

На седницата, иако беа поканети сите политички партии, присуствуваа само ДОМ, ЛДП и Левица. Со оваа седница заврши и работата на работната група, во делот на донесување на измените во Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Работна група не се распушта, туку ќе продолжи и понатаму со работа во делот на препорака на изборен модел и донесување на нов Изборен законик, за кои потребно многу повеќе време, доколку се постигне политички консезус околу изборниот модел.

На седицата, покрај инситутициите, редовно со конструктивна дебата и препораки учестувавше и ЦИВИЛ со тројца претставници.

Како што изјави претседателот на работната група, Александар Новакоски, работна група во даденот рок, шест месеци пред изборите, ја заврши својата работа, а колку од измените ќе бидат прифатени, дали тие ќе бидат дел од изборите следната година, зависи од партиите во Собранието и нивната одлука за одредување датум за избори.

Измените во Изборниот законик се однесуваат на подобрување на работата на ДИК, политичкото финансирање, медиумското претставување, заштита на избирачкото право. Голем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатени од работната група, мал дел не се компатибилни со нашето законодавство, со тоа и неприменливи во Изборниот законик.

Извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК