Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Приведен тетовец, бил баран со централна потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.45 часот, во тетовската населба Дреновец, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец А. А. Тој бил баран со централна потерница за издржување двегодишна затворска казна за сторени кривични дела кражба и тешка кражба, извести СВР Тетово.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОТКУП НА БЛАЦЕ – Се истражува постапувањето при гранична контрола

ДЕСК

ДЕНЕСКА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ – УХМР најавува сонце, но и студ

ДЕСК

ЗАМАГЛЕНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО ВО СТУДЕНИТЕ УТРА? – Три поставки што можат побрзо да ја вратат видливоста

ДЕСК