Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановиќ: Визурата за европското право и либерализација на кривичниот законик е сосема друго во наш контекст, нашата земја беше узурпирана и киднапирана

„Гледам дека измените на кривичниот законик Владата ги толкува како хармонизација со европското право. Од друга страна, во некоја смисла кривичниот законик се либерализира со тоа што некои кривични дела ќе подлежат на намалување, злоупотреба на службена положба, дека ќе подлежат на сите други останати, како на пример злосторничко здружување, законот на 353, злоупотреба на јавните позиции, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека од една страна Владата се обидува да го либерализира кривичниот законик.

„Визурата на европското право за Европа е една, а визурата за европското право и таканаречената либерализација на кривичниот законик е сосема друго во наш контекст, бидејќи да не заборавиме дека нашата земја беше узурпирана и киднапирана и во самиот кривичен законик стои дека злосторничкото здружување ќе биде намалено“, потенцираше Јовановиќ.

Тој посочи дека во пресудите на СЈО стоеше дека злосторничко здружување ќе се казнува со околу 10 години, а сега злосторничко здружување се намалува од 10 на 3 години, па на една и тн.

„Во целата ситуација начелно гледам дека секој го толкува онака како што нему му одговара, според сопствените потреби“, заклучи Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК