15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Средба на Џафер со Чунг Ву Таик

На денешната средба со потпретседателот на Националното собрание на Република Јужна Кореја, Чунг Ву Таик, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, изрази задоволство од посетата и уверување дека ваквите средби се одлична основа за понатамошно интензивирање и продлабочување на билатералната соработка на сите нивоа. Во тој контекст, тој ја истакна и потребата од отворање на резидентни дипломатски претставништва на двете држави во Скопје и Сеул, со што, уште повеќе ќе се зајакне можноста за блиска и непосредна комуникација, пред се во рамките на взаемната економска и трговска соработка. Претседателот Џафери говореше за досегашната добра соработка на мултилатерален план, пред сѐ во рамките на ООН, а ја подвлече и нашата определба како полноправна членка на НАТО, тесно да соработуваме со Јужна Кореја која е активен партнер на НАТО. Во таа насока, изрази надеж дека воените дејствија во Украина и на Блискиот исток ќе завршат и го повтори ставот со кој се придружуваме на повиците на НАТО Алијансата за итно запирање на сите воени дејствија и враќање на дијалогот на маса.

Потпретседателот на Националното собрание на Јужна Кореја, Чунг Ву-Таик, изрази благодарност за топлото добредојде во Република Северна Македонија, како и за оваа средба со претседателот на Собранието при што, изрази поддршка на Јужна Кореја за нашиот Евроинтеграциски пат и започнувањето на преговорите со Европската Унија. Исто така, ја изрази готовноста на Јужна Кореја да во наредниот период стави уште поголем акцент на економската соработка, особено во делот на директните инвестиции, конкретно во автомобилската индустрија и уверувањето дека во наредниот период ќе има можности за дискутирање на многуте теми од областа на економската соработка со соодветните државни институции на двете земји. Гостинот од Јужна Кореја изрази однапред благодарност за побараната поддршка од Република Северна Македонија за нивното кандидирање за организација на ЕКСПО 2030 година.

На крајот на средбата соговорниците изразија надеж дека овие средби ќе продолжат со зачестен интензитет и во наредниот период.