2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: „Проектот на ЕУ – СУПРАЕ исклучително важен во спроведувањето на реформите за европерспективата на Северна Македонија“

Во Секретаријатот за европски прашања се оддржа вториот состанок на Управниот комитетот на проектот „Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (СУПРАЕ), финансиран од Европската Унија на кој присуствуваа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, и шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето обраќање ја потенцираше важноста на ЕУ проектите во спроведувањето на реформите и ја изрази неговата благодарност за поддршката од страна на ЕУ во процесот на преговорите.

Овој процес е во многу важна фаза затоа бара градење на нашите институционални и административни капацитети, но и реализација на планот за реформи. Спроведувањето на овој проект е значаен за процесот на пристапување, а резултатите даваат јасна стратешка рамка со добро дефинирани цели и задачи, како на национално така и на секторско ниво.

Според Маричиќ, проектот SUPRAE е еден од најважните активни проекти во Секретаријатот за европски прашања кој започнувајќи од минатата година обезбедува поддршка во процесот на пристапување на земјата, не само за Секретаријатот за европски прашања, туку и за сите релевантните институции во овој процес.

Проектот се фокусира на повеќе придобивки од спроведувањето на 4 компоненти, и тоа: Зајакнување на стратешкото планирање, известување и комуникација, воспоставување на стратешка, методолошка и оперативна рамка за процесот на пристапување и унапредување на програмирањето, користењето и проценката на ЕУ фондовите од страна на надлежните институции, и комуникација со јавност.

Сите четири компоненти на проектот вклучуваат поддршка за програми за обука, регрутирање, подигање на јавната свест и комуникација што треба да придонесе за подобро разбирање на јавноста за улогата на ЕУ и процесот на пристапување во целина, дигитализација на одредени аспекти од преговарачкиот процес и подобро управување со фондовите на ЕУ.

Втората средба на Управниот комитетот на проектот СУПРАЕ се фокусираше на напредокот, предизвиците и идните планови. Акцент беше ставен на состаноците на секторските работни групи за редовен политички дијалог и транспарентност.

Преку компонентата 2 е обезбедена поддршка за одредени аспекти за скрининг процесот. Преку компонентата 3 беше обезбедена поддршка во поглед на програмирањето и управувањето со ЕУ фондовите(ИПА). А пак компонента 4 во следниот период ќе се фокусира на изработка на стратегии за комуникација со јавноста како и со сите други релевантни чинители во процесот на пристапување кон ЕУ соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.