Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во виничко, пронајдени дрога и оружје

На 02.11.2023 во 10.55 часот на Јакимовски пат во Виница, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од с.Јакимово, виничко. При претрес кај него и во неговото патничко возило „фолксвгаен пасат“ без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Јакимово, при што биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК