Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ добија ново кошаркарско и фудбалско игралиште

Целосно е завршена реконструкцијата на спортското игралиште во дворот на училиштето ,,Јохан Хајнрих Песталоци”, со што учениците добија современ и модерен мини терен за спорт и физички активности. Со донација на Видеолотарија Касинос Австрија учениците добиваат спортско и кошаркарско игралиште за нова спортска игра. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори игралиштето и се заблагодари за донацијата која го унапредува здравиот физички раст и развој.

„Драго ми е што токму во училиштето, каде што и јас завршив основно образование, добивме вакво мултифункционално спортско игралиште. Очекувам многу натпревари со спортски дух на овој прекрасен терен. Во времето на компјутерите на децата им се потребни токму вакви игралишта за да се посветат на физичките активности. Воедно упатувам благодарност за донацијата но и апел до младите да се однесуваат одговорно и да ги чуваат училишните игралишта бидејќи тие ќе им требаат и на следните генерации“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека Општината е секогаш отворена за соработува со општествено одговорни компании со цел да се придонесе за побогат спортски и рекреативен живот на Центарци.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.