Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата

– ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати – ова е поразителниот заклучок после изминат половина мандат на градоначалниците од ДПМНЕ во над 40 општини, соопшти СДСМ.

„По две години има само безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните. Такви се примерите со Битола, Прилеп, Штип, но и многу други.

Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат.

ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги разочара граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК