Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани

– На половина од мандатот како локална власт во Битола, заклучокот е поразителен: ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани. ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Го поскапеа паркингот, ги уникаа слободните 15 минути, а нови паркинг места нема! Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема! – соопшти СДСМ.

„Срушија трафики и затворија мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа!

Коњановски гарантираше нови кружни текови, а единствениот што започна да го гради после 2 години го погреши.

Автобус не може да помине!

Гасоводот и топловодот се пред Битола, а Коњановски нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот!

Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево!

Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки!

Коњановски ветуваше нов парк во нова Битола со авантуристички содржини, а цели две години му требаат за паркче четири пати помало од ветеното, а и тоа не е завршено.

Коњановски и ДПМНЕ за две години во Битола потрошија над 60 милиони евра, а резултати нема.

ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК