„Многу пати сум кажал дека јас сум човек кој верува во остварување на целта и работи целта да се оствари, ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат во своето политичко постоење ќе покажат во Парламентот дека се за европска иднина на државата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.
„Зошто го велам тоа сега, затоа што како што кажа и претседателката сега има отворен прозорец за пристапување кон ЕУ бидејќи ако пред неколку години оваа тема воопшто не беше тема на широк консензус меѓу земјите членки, сега во овој геополитички момент сите земји се едногласни дека треба да има проширување а проширувањето ако ја погледнете мапата на Европа практично значи обединување на Европа, бидејќи земјите од ЗБ на сите свои граници се опкружени со земји на ЕУ.
Ние како држава имаме 50% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ, ние имаме институции кои се целосно усогласени со ЕУ, нашиот економски систем е на ниво на перформанси кои овозможуваат да добива макрофинансиска помош од ЕУ ако не е така, нема ни да се разговара за такви прашања. Затоа сметам дека сите треба да си ја земат одговорноста во свои раце, меѓутоа одговнроста пред сегашните и идните генерации.
Со вакви работи не се калкулира, не се прави политчки личен рејтин. СО вакви работи не смее да се игра со емоциите на граѓаните бидејќи тоа ќе значи единствено повторување на оној лош филм кој го гледавме 11 години во држава, кога имавме уназадување на меѓуетничките односи во Северна Македонија, во Македонија. Во кои имавме уназадување на односите со соседите и кога 1 милиментар не мрднавме во евроинтеграциите и кога економијата не ни растеше повеќе од 2% просечно годишно при инфлација од 3%.
Затоа велам дека лошите искуства од историјата не смеаат да се повторуваат.
Јас ќе продолжам заедно со коалиционите партнери, заедно со лидерите во коалицијата да работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање длаи очекува Македонија да го исполни неформалниот рок за промена на уставот до декември годинава и коментар на ЕК што доколку тоа не се случи, доколку не се промени Уставот.