Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните

-Помина половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во 40 општини. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, соопшти СДСМ.

„По две години нема проекти, нема резултати.

Но, има безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги.

Локалната власт на ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски стана симбол за неспособност, партизација и хаос, непродуктивни трошења и задолжувања на општините.

ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК