17.8 C
Скопје
26. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.СВЕТ

Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 2.750

2.750 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади во Газа, соопшти во понеделникот палестинското Министерство за здравство.

– Бројот на ранети е зголемен на 9.700 – се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Претходно беше објавено дека меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.

Здравствените власти објавија и дека на Западниот Брег се регистрирани 58 смртни случаи, а најмалку 1.250 се повредени.