Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Предложени мерки поради загрозување на сигурноста на градоначалник, неговото семејство и соседи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК