Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети училиштето и дечињата, со цел да се запознае како се одвиваат наставните активности и како се одржува училиштето. Тој истакна дека продолжен престој е обезбеден за прво одделение за околу 50 дечиња и со сопствени средства и покрај немањето поддршка од централната власт обезбеден е продолжен престој за второ оделение, следната година ќе има и за учениците од трето одделение.

Во Општина Илинден за прв пат е воведен продолжен престој со изградбата на новото училиште, со цел да им се помогне на родителите околу згрижувањето на децата. Новото училиште е изградено според највисоки образовни нормативи и стандарди. Во него учат учениците од прво до петто одделение комплетно се опремени сите простории за настава со потребен инвентар, сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост како и кујна со трепезарии.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК