Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Се нижат скандали со брзите кредити

Брзите кредити се и плодна почва и за измамниците кои премногу лесно можат да злоупотребат туѓи податоци и преку интернет да си нарачаат брз кредит. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР, пишува Бизниспро.

За сите овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР.

Случаи се регистрирани и оваа година.

СВР Велес поднесе кривична пријава против лице(26), лице(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.

На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.

Можеби ќе ве интересира

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК

Просечната плата во август покачена за 34 денари во споредба со јули, но намалена за 486 денари во споредба со мај – Сега изнесува 45.310 денари

ДЕСК