Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

Денеска (04.09.2023) околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од Богданци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната. Д.Ј. бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК