Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер

На 02.09.2023 во 16.00 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.М.(31) од село Колешино. При претрес кај него, извршен со судска наредба, било пронајдено и одземено ќесе со марихуана, а при претрес на локации во село Колешино, за кои претходно имало сознанија дека З.М. чува марихуана, биле пронајдени две тегли со марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК