16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Утврдивме преговарачка рамка во која македонскиот јазик е јасно испишан

– Ние никогаш не сме бореле да ја убедиме Софија во ништо, ние сме се бореле ставовите на Софија кои што не одговараат на ова време ниту пак на духот на ЕУ да не бидат прифатени преку европските позиции. Она што е важно за нас е да утврдиме преговарачка рамка во која што нашиот јазик е јасно испишан и јасно се исчитува неговата улога како иден официјален јазик на ЕУ на кој што се преведува европското законодавство – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.
Според него особено важно е што договорот ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик, со што на дело се покажа дека никој не може да не загрози во нашиот идентитет.

-Ветото од Бугарија се базираше на крајно неразумни барања во однос на нашата историја и нашата сегашност. Ние со сериозна  дипломатска битка успеавме сите билатерални прашања да ги тргнеме надвор од преговарачката рамка и таму остана само договорот за добрососедство потпишан во 2017 година. Се обидовме и успеавме да имаме гаранција дека нашиот јазик е и ќе биде третиран како официјален и конечно дека Бугарија нема да има простор бескрајно да блокира – вели Маричиќ.

Тој додава дека тоа што преговарачката рамка е исчитена од историски прашања и тие во иднина ќе се решаваат билатерално и долгорочно како и другите прашања поврзани со историјата и дентитетот,е доказ дека се истиснаа првични барања на Бугарија од почетокот на 2020 година. Она што остана како клучно брање е само внесување на Бугарите во Уставот.

-Штом го направиме тоа и го завршиме скринингот што треба да заврши до крајот на ноември оваа година, ние автоматски одиме на втората меѓувладина конференција и отварање на наредната фаза на преговорите – вели Маричиќ