„Во соработка со МВР и заедно со наставници и родители преку проектот „Соседска патрола“ ги едуцираме младите да го штитат јавното добро, урбаната опрема и детските и спортски игралишта“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување на МРТВ. Герасимовски истакна дека минатата недела заедно со наставници и родители се излегло на терен каде со младите се разговарало за да се подигне свеста на децата во делот на однесувањето, во делот на заштита на јавнат средина и во меѓусебното однесување во парковите и улиците.
„Центар е една од најфреквентните општини и тука е најинтересно во делот на собирање и дружење на младите. Во делот на Градскиот парк, Дебар Маало има и поголема фреквенција на млади луѓе и нормално доколку има собирање на поголеми толпи на луѓе настануваат и одредени тепачки, се уништува детски и спортски игралишта и целта е да преку овие средби да се разговара со децата и со родителите да се подигне свеста кај сите и се грижиме за јавното добро. Ќе покаже самото време сега засега имаме доста уништени игралишта постојано апелираме по социјалните мрежи и еве ја искористуваме и оваа прилика да ги замолиме и родителите и децата што повеќе се грижиме за детските игралишта, парковите, осветлувањето поради тоа што се соочуваме со злоупотреби односно проблеми кои ги прават најмладите и со коишто секојдневни ние се справуваме“, истакна Герасимовски.
Во гостувањето градоначалникот Герасимовски зборуваше и за иновациите во енергетиката преку поставувањето фотоволтаична централа на покривот на градинката „Пепелашка“ како и за првиот училиштен ден кога општината доделува бесплатни ранчиња за сите првачиња и деца на социјално загрозени семејства.