Centar.mk
Облачно небо со дожд и силен ветер над Македонија
пороен дожд / фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Невремето кое се случи вчера попладне во Прилеп нанесе големи штети на земјоделците

Невремето кое се случи вчера попладне (29.08.2023 г.), помеѓу 16.10 и 17.10 часот, на територијата на Општина Прилеп и околината, проследено со силен северен ветар, интензивен пороен дожд а нa некои места и град, нанесе голема штета на земјоделсските површини и култури.

Најмногу врнежи од град со големина на лешник се имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.

Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – Подрачното одделение во Прилеп, заедно со комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

ДЕЛ ОД КАРПОШ БЕЗ СТРУЈА ОД 9 ЧАСОТ – Денеска планирани прекини во Козле и на „Варшавска“

ДЕСК