17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска го повика директорот на СВП да понесе одговорност за променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати

Фејсбук статус на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска:

Променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати, на официјалната веб страница на Струшките вечери на поезијата, е пропуст кој предизвика оправдани реакции. Венценосците Блаже Конески и Матеја Матевски, како и бројни поети, добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, станаа носители на овие врвни признанија во периодот пред 2019 година. Организаторот морал да го има предвид овој факт.

Го повикав директорот на СВП, Тодорче Тасевски, како прв човек на оваа престижна поетска манифестација од светски ранг, да понесе целосна одговорност за овој занемарен факт.

Од одговорните за веб страницата на Фестивалот побарав да се изврши итна корекција на внесените податоци со достојна почит кон великаните на македонската култура.

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК