Centar.mk
РЕГИОН

БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ УСПЕА ДА ОДРЖИ ВОНРЕДНА СЕДНИЦА – Нема кворум за расправа за спорното помилување

Вонредната седница на бугарското Народно собрание, свикана поради помилувањето на Огњан Атанасов, познат во јавноста по прекарот „Ескобар од Петрич“, не се одржа поради недоволен број присутни пратеници.

При првиот обид биле регистрирани 107 пратеници, а по половина час пауза бројот се зголемил на 109. И во двата случаи не бил обезбеден потребниот кворум, поради што претседавачот констатирал дека седницата не може да започне.

Опозицијата најавила нови обиди за парламентарна расправа и собирање потписи за дополнителни вонредни седници.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен поранешниот српски министер за економија Раде Баста

ДЕСК

Вучиќ: Србија живее во време на страв, денес ќе ги презентирам сите информации за политичкиот терор

ДЕСК

Апсења по поразот на партијата на Вучиќ, над 90 лица приведени во Србија

ДЕСК