17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Реформите во ЕУ и реформите во Западен Балкан ќе се здружат во 2030 година

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на Самитот во Блед откри дека минатата година на претставниците на Франција и ЕУ им посочил дека без опиплив план за пристапување и датум, никој немало да се грижи што ќе каже ЕУ.

-Затоа што руската стратегија на Западен Балкан е исклучително едноставна – тие велат „ЕУ не работи за вас, работи за богатите западни земји, но не и за вас, тие не ве сакаат таму“. Затоа многу го ценам говорот на претседателот Мишел, бидејќи за првпат по влезот на Хрватска во ЕУ, некој претставник на ЕУ прави временска референца за идното проширување, кажа Маричиќ.

Тој додаде и дека ја следел изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на процесот на проширување.

-Тоа го очекуваме. Не е ништо ново. Ние сме искусна земја кандидат; сме слушнале се. Но, тоа значи дека реформите во ЕУ и реформите во Западен Балкан треба да се случат во исто време и да се здружат во 2030 година, кажа Маричиќ.