23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев од Корчула: Имаме нова железна завеса помеѓу прогресивните општества и оние во кои владее законот на силата

„Човештвото се соочува со нова железна завеса. Овој пат таа не е само територијална и нема да го подели светот само географски и долж границите на државите кои му припаѓаат на слободниот демократски свет со заробените, авторитарни држави. Сега железната завеса се заканува да ги подели прогресивните општества во кои се афирмираат човековите права од оние репресивните во кои владее законот на силата, а не силата на законот“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Корчуланската школа за тинк-тенк организации.

Тој додаде дека како што западно-демократските општества и Северно-атлантската алијанса беа ставени на тест од аспект на безбедносните прашања и од аспект на учетсво на НАТО во одбраната на темелните принципи за мир и сигурност во светот, така на тест беа ставени и и вредностите на прогресивните општества во кои човековите права се поставени на олтарот на демократијата за да бидат таму засекогаш како светилник.

„Затоа коалицирањето на прогресивните сили е императив за нас затоа што не смееме да останеме неми посматрачи на војната на вредности. Да, соочени сме со нова ера на несигурност, нотоа не треба да не обесхрабри. Напротив, треба да не поттикне да бидеме двојно повеќе алертирани и подготвени на долга битка за пријателска и фер рамнотежа во светот, и на посветена битка за одбрана на прогресивните, демократски и либерални вредности“ рече Заев.

Поранешниот премиер кажа дека светот не е одговорен за војната на Путин, но дека западо-европските демократии мора да ја прифатат одговорноста за тоа дали ќе живеат според вредностите што ги издвојуваат од вредностите што се во суштината на империјалистичките фантазии и амбиции на Путин.

„Таа одговорност мора да ја прифатиме како наш двигател за одбрана од агресивното наметнување на тоталитарно-религиозните инспирирани модели кои мора да бидат победени“ рече Заев.