Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Заев од Корчула: Војната во Украина е руска војна против европските и демократските вредности

„Војната во Украина е и војна на вредностите. Или поточно, руска војна против европските и демократските вредности. Но, и наша битка против ужасот, конфликтот, режимот и автократијата“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Корчуланската школа за тинк-тенк организации.

Тој додаде дека од аспект на Украинците и нивните политички и воени лидери е војна против агресорот, борба за заштита на нејзиниот суверенитет и територија, но исто така и војна на вредности и битка меѓу демократијата и автократијата.

„Станува збор за идеолошка војна на слободата и неслободата, односно тоталитаризмот, како два концепти врз основа на кои се уредуваат демократските, отворени и слободни општества и затворените, заробени диктаторски општествени заедници“ рече Заев.

Поранешниот премиер рече дека слободниот демократски свет не може да биде нем сведок на таа војна, како што не е неутрален набљудувач и на конвенционалната војна и на борбата на украинскиот народ за својата татковина.

„Затоа ние, актерите, застапувачите на слободата и на демократијата, мора да го дадеме нашиот придонес и во поддршката на Украина во војната на вредностите. Треба да се направи сѐ што е неопходно демократските сили на Украина да ја поразат симболиката на вертикалната хиерархија на автократска Русија. Таа победа ќе биде и наша победа. Спротивно, поразот во војната на вредностите, којашто како таква не се одвива само на територијата на Украина, ќе биде пораз на слободарските, отворени општества“ рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК