Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Каде е Никола Груевски?

ДЕСК

ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ: Oд топло време до дожд и северен ветер

ДЕСК

СКАНДАЛОЗНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОЛЖНОСТ: полицаец барал 1200 евра за „мирно решавање“

ДЕСК