Centar.mk
СВЕТ

Руски дрон удри во електрана во Естонија, членка на НАТО

Дрон што летал од Русија удрил во оџак на електрана во североисточна Естонија, соопшти Естонската служба за внатрешна безбедност во среда наутро. Инцидентот се случил во електраната Овер, која се наоѓа во близина на руската граница, но нема повредени во нападот, објави Euronews.

Естонската служба за внатрешна безбедност, позната по кратенката ISS, ги објави деталите во официјално соопштение.

„Дронот удри во оџакот на електраната Овер. Никој не е повреден во инцидентот“, се вели во соопштението.

Службата, исто така, потврди дека „дронот влегол во естонскиот воздушен простор од рускиот воздушен простор“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +