16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ЕУ им овозможува на новите членки подобар живот на граѓаните, повисок стандард и брз прогрес

„Сите претходни примери за нас треба да бидат драгоцено искуство и водилка како треба да се движиме! Затоа што токму Европската Унија им овозможи на новите членки, подобар живот на граѓаните, овозможи повисок стандард, инвестиции и работни места, овозможи брз прогрес, за кратко време, време кое е најважно за човекот“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој додаде дека токму ЕУ е наш најголем економски партнер, таму извезуваме најголема вредност и токму ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите обврски.

„Токму Европската Унија има најмногу инвестирано во македонското земјоделство, образование, енергетика, инфраструктура, социјала. Токму европските компании се најсилните генератори на директните странски инвестиции во државата. Токму членството во Европската Унија овозможи рапиден економски раст и масивен пораст на платите на нивните граѓани за преку 50, 70 па и 100% во одредени нови членки на Унијата, и тоа во првите 5 години по зачленувањето“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде само преку ИПА програмата досега за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу 1 милијарда евра. ИПА 3 програмата е веќе започната и проектираните средства се во вкупен износ од околу 243 милиони евра.

„Преку ИПАРД 2 програмата имавме на располагање 60 милиони евра, коишто поради најголемата искористеност од 98 проценти, во ИПАРД 3 програмата се зголемени на нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство. Како резултат на нашето партнертство, Европската Унија одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош за откако претходно добивме 160 милиони евра за ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза“ потенцираше Ковачевски.

Спонзорирано: