21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Предлогот за уставните измени е резултат на повеќемесечна отворена, транспарентна, експертска и политичка дебата

„Предлогот е резултат на повеќемесечна, целосно отворена, транспарентна, експертска и политичка дебата. Како што ветивме, така и постапивме. Јавно, јасно, без ограничувања и во широка постапка, овозможивме сите релевантни фактори, сите граѓани да бидат целосно запознаени со потребата, причините и конкретната содржина на Предлогот за измена и дополна на Уставот“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој додаде дека во целиот период тој како премиер и сите министри во Владата се воделе од едиснтвениот најдобар начин, да понудат, да ги објаснат аргументите за и да побараат широка поддршка, убедување и прифаќање на јасното и кратко дополнување на Уставот.

„Во целиот процес, не дискредитиравме никого, не изолиравме ниту едно мислење, не одбивме дебата. Целосно убедени, цврсто подготвени, ги дефиниравме аргументите и силата на вистината, на фактите, на правно-политичките и економските чекори, на единствениот именител“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека именителот е прогрес, развој, интеграција, подобра сегашност и иднина што може да се оствари преку заедничко обединување, заедничка работа, остварување на државните, националните и интересите на сите граѓани.

„Во 1991-ва година, граѓаните дефинираа дека интеграцијата во Европската Унија е највисок државен приоритет. Дали е нешто променето денес во 2023-тата година? За мене и за огромното мнозинство граѓани, НЕ, не е променето. И тогаш и сега, влезот во Европската Унија беше, е и ќе биде најдобриот државен, интеграциски, интер-етнички, меѓу-генерациски,