Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Куманово, приведен криминалец, пронајдени повеќе видови дрога

Денеска (13.08.2023) во 11.30 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(27) од Куманово.

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени марихуана, таблети, амфетамин, дробилка, дигитална вага и поголема сума на пари во различни валути и апоени. Додека, при преглед на неговото возило „мерцедес“ биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

А.Љ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +