Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски и американската амбасадорка разговараа за ЕУ – односите меѓу Македонија и САД оценети како одлични

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

На средбата беше посочено дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО.

Соговорниците разменија мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК