Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неколку повредени во сообраќајка на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар

Вчера во 12.10 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од 32-годишниот Р.Б. од Гостивар и патничко возило „шевролет“, управувано од 63-годишниот С.С. од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шевролет“, Е.Џ., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште три сопатници, констатирани во Медицински центар-Гостивар, извести МВР.

По овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК