Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка помеѓу селата Ростуше и Жировница, тројца повредени

Вчера во 09.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, помеѓу селата Ростуше и Жировница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија“ со српски национални ознаки, управувано од 37-годишниот В.И. од Србија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот А.С. од Скопје, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил еден сопатник од возилото „мерцедес“, Б.М.(26) од Скопје, констатирани во Општата болница Гостивар, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК