Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мотоциклист во Битола

Вчера попладне, во 15.14 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата Филип Втори Македонски во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот В. М. од Битола, и мотоцикл, без регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Д. Р. од Битола, извести МВР.

„Во несреќата мотоциклистот добил тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница во Битола“, соопшти МВР.

Увидот на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ПРЕД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА – Власта и опозицијата ги изнесоа ставовите

ДЕСК

МВР СЕ ОГЛАСИ ПО ОБВИНУВАЊАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Извршена внатрешна проверка

ДЕСК