Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – Градец

Вчера попладне, во 14 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, во селото Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А. Р. од Градец, и патничко возило „мерцедес“, со странски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Ш. К. од Сенокос, извести МВР.

„Во несреќата тешки повреди добил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани на Ургентниот центар во Гостивар“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка

ДЕСК

Европската комисија го нотира напредокот, МЈА продолжува со реформи за професионална и ефикасна администрација

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК