Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

182 сообраќајни прекршоци во Скопје, 38 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за некористење сигурносен појас… Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал-црвено светло, шест санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК