Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Промовиран нов мачо-модерен стил на Зечевиќ

Миле Зечевиќ Вардарски, генералниот секретар на СДСМ кој долги години е дел од македонската политичка сцена, во пресрет на големиот национален и државен празник, Илинден, во јавноста покажа нов стил, мачо-модерен.

Утрово заедно со младите социјалдемократи Зечевиќ учествуваше и го предводеше коњичкиот марш до споменикот Слива, кај Крушево, во чест на македонските востаници кои ја бранеле Крушевската Република.

Попладне пак Зечевиќ и Михаилоски, претседателот на социјалдемократската младина, со параглајдери симболично дадоа поддршка за промоција на оваа авантуристичка страна на Крушево.

Модерно Крушево освен со своето културно и историско значење е најатрактивна дестинација за авантуристички туризам во Европа и во светот, домаќин на големи светски натпревари и на најпознатите параглајдеристи, објави СДСМ на официјалните канали на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК