17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
mickoski
+

Мицкоски им се скара на сите европејци

И словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, се најде на листата на непожелни личности на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во дебатна емисија упати остри критики кон неа, откако таа во разговор за „Локално“ искажа загриженост дека сегашниот момент можеби ќе биде киднапиран од опозицијата во земјава, за да го претстави како своја „успешна“ приказна да ги блокира уставните измени и да бара предвремени избори.

„Сегашната македонска влада досега се покажала како многу про-реформска и про-ЕУ. Вистинските мотиви на опозицијата се исто така под знак прашалник бидејќи можеби нивната заедничка цел не е ЕУ, туку желбата да бидат во влада, па со тоа, не сум сигурна дали интересите што тие ги бранат се навистина најдобри интереси на народот или себе и нивната политичка моќ“, рече меѓу другото Јовева.

Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ вели дека европратеничкава Јовева е „тотално небитна“, бидејќи „наместо да игра за интересите на македонскиот народ и државата од која што потекнува, без разлика што живее во Словенија, таа го напаѓа македонскиот народ. Својот род го напаѓа“.

„Добивате таква порака од ваков политичар кој е дел од Европскиот парламент, озбилна европска институција… И како утре кога ќе дојдат луѓе од тие институции народот ќе може да им верува на пораките коишто тие ги даваат, ако перцепцијата на луѓето, чувството на граѓаните во Македонија е сосема спротивно од пораката која што доаѓа, тоа ќе ни биде тешко и на нас во иднина, како идна влада да седнеме и да разговараме со граѓаните и да работиме на таа перцепција“, рече Мицкоски.

Исто така на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не му се допадна и изјавата на амбасадорот на Словачка во земјава, Хенрик Маркуш, дека „животот не е фер, а Македонија нема друга алтернатива од тоа да се направи она што треба“.

Мицкоски му порача на амбасадорот „Тоа дома. Мене не можеш…“.

Амбасадорот Маркуш во неделата при посетата на Делчево изјави дека „сега е последниот воз што Македонија мора да го искористи, бидејќи друга алтернатива за останување на европските патеки не постои“. Тој објасни дека тоа го кажале тројцата министри (на Австрија, Чешка и Словачка) од таканаречениот Славков формат на нивните средби во Скопје.

Според Маркуш, земјава може да биде доведена во ситуација да застане на патот, а Албанија да продолжи напред. Осврнувајќи се на ставовите на опозицијата, Маркуш нагласи дека сега е доцна за она што го зборува опозицијата и дека таа не нуди алтернатива или решение.

Пред една недела шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски им порача на „европејците нека ја тераат европската агенда, а ние нашата македонска“.

Да беше Мицкоски европеец најверојатно и со самиот себе ќе се скараше.

Дехран Муратов

извор Цивилмедиа