Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист тешко повреден при судир со полициско возило

На 31.07.2023 во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрије Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „форд транзит“ сопственост на МВР и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(25) од Скопје.

-По незгодата, Д.Н. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Можеби ќе ве интересира

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!

ДЕСК

НБРМ: Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

ДЕСК