Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш

Фејсбук статус на директорот на БЈБ Сашо Тасевски:

Денеска (25.07.2023) во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност остварив работна посета на Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш, при што остварив средба со раководствата на овие организациски единици. Од страна на раководството на СВР Струмица, бев информиран за безбедносната состојба на подрачјето, која е поволна.

Го нагласив и поздравив фактот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица во првата половина од 2023 година се расчистени 5 од вкупно пријавени 6 кривични дела „разбојништво“ , со што е постигната ефикасност од 83 %, а се бележи намалување на пријавените кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ споредбено со првите шест месеци од 2022 година. Во овој дел беше потенцирано дека покрај намалувањето на бројот на пријавени тешки кражби и кражби се бележи зголемување на ефикасноста во откривање на сторителите, споредбено со истиот период лани. Имено, кај кривичните дела кражба ефикасноста е зголемена за 25%.

Посебно беше потенцирана работата на СВР Струмица во рамки на недозволената трговија со дрога, каде што во првите 6 месеци од 2023 година поднесени се 21 кривична пријава против 22 сторители при што се запленети поголемо количество марихуана, растенија канабис, амфетамин, таблетки МДМА и др.

Работата во областа на недозволената трговија и оружје беше нагласена и за периодот од почетокот на кампањата „Безбедно лето 2023“. Имено, од почетокот на јули на подрачјето на секторот се регистрирани 30 случаи, во кои при претрес на домови и прегледи на лица и возила се одземени разновидна опојна дрога и 7 парчиња оружје, 27 парчиња муниција и пиротехнички средства.

Покрај ова, во рамки на посебна оперативна акција, на подрачје на СВР Струмица во првата половина на 2023 година се одземени 80.7 м/3 бесправно исечени огревни дрва, споредбено со истиот период во 2022 година, при што евидентирано е зголемување за 26.15 %. Ефикасноста во спречување на бесправната сеча, превоз и продажба на огревни дрва беше потенцирана и на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК