17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уставните измени се „клучот“ за успехот на Северна Македонија кон ЕУ, мнозиството ќе ја убеди опозицијата дека не е погрешен пат!

Иако за време на вонпарламентарната расправа за уставните измени, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е категорично против измена на Уставот, а дека нема ни да учествува во собраниската расправа, „Фронтлајн“ од сигурни партиски извори дознава дека опозицијата се предомислила, откако пријатели на Северна Македонија од меѓународната заедница им предложиле учество во собраниската расправа.

Како што дознава „Фронтлајн“ од дипломатски извори во земјава, две моќни пријателски земји на Северна Македонија инсистирале опозицијата да учествува во процесот на собраниската расправа за уставните измени.

– Од собраниската расправа јасно ќе се види дека со вклучувањето на неколку заедници во Уставот не се загрозува никој и ништо. Од тука може да дојде до израз дека и промена на ставот на одредени пратеници од опозицијата. Меѓународната заедница јасно стави до знаење дека ова е историски момент за земјата, вели нашиот извор.

Но, дали американската „багер дипломатија“ може да ја започне мисијата оттука? Може ли собраниската расправа да ја натера опозицијата да рефлектира за доброто на државата и граѓаните?

– Бидејќи предлогот за уставни измени почна да се расправа во помошните тела на собранието, во наредните денови ќе има жестока расправа меѓу власта и македонската опозиција за уставните измени, расправата попрво ќе се одвива за политички придобивки на ВМРО. Но, се надевам дека на крај ќе се постигне политички договор. Многу влијателни фактори од Советот на Европа дојдоа да ги разјаснат позициите на ЕУ и за оваа работа понудија и гаранции дека Бугарија во иднина нема да наметнува дополнителни услови за полноправно членство на земјата во ЕУ. Се надевам дека ВМРО е свесна за историскиот момент и ќе го надмине партискиот интерес за доброто на државата. Можен е евентуален компромис, вели поранешниот пратеник и поранешен претседателски кандидат Зуди Џелили во изјава за „Фронтлајн“.

Политикологот Иво Рангеловиќ смета дека уставните измени се неповратен процес и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да гласа за нив.

– Mногу е тешко да се очекува промена во ставот на пратениците од опозицијата, особено после јавното противење во изминатиот период. Во овој момент тоа би значело класична измама на опозициското гласачко тело и разводнување на извесната изборна победа. Сепак, дебатата за уставните измени нема суштинска основа ако се земе предвид дека владата веќе се обврзала да ги спроведе истите. Дури и да постои разумен основ за да не се промени уставот, истиот паѓа во сенка на францускиот предлог. Такашто и противењето на опозицијата е безпредметно, бидејќи при евентуално формирање на следна влада, ВМРО ќе мора да ги спроведе уставните измени, изјави Рангеловиќ за „Фронтлајн“.

Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени.

На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи.

Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на 18 август.

Дестан Јонузи

извор Frontline.mk

Спонзорирано: