25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Аналитичари: Мицкoски ја знае само каузата на изолација, ги држи во заложништво стратешките цели на државата

По прифаќањето на Францускиот предлог, битката против измените во уставот е бескорисна, поради фактот кој укажува дека државата се обврзала да го спроведете истото. Евентуалниот неуспех во процесот за промена на уставот ќе биде препишан на државата, што ќе го отвори патот кон непредвидлива иднина – често реферирана како вакум простор, вели политикологот Иво Рангеловиќ, коментирајќи ја одлуката на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине комуникацијата со власта за уставните измени.

– И да постојат разумни аргументи против промената на уставот, истите паѓаат во сенка на капацитетот истите да бидат додадена вредност, односно да резултираат со интеграција кон ЕУ. Сметам дека и власта и опозицијата имаат врзани раце во поглед на уставните измени, така што во моментов општеството единствено губи време, нагласи Рангеловиќ во изјава за „Фронтлајн“.

Новинарот и политички коментатор Урим Салиу оценува дека и покрај непромислената одлука на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине комуникацијата со власта, на крајот ќе рефлектираат и ќе ги изгласаат неопходните уставни измени за да може државата да оди напред, без пречки на патот на кон ЕУ.

– Нивниот лидер Мицкоски на крајот ќе ја загуби битката со сопствениот народ, не може да ги држи во заложништво стратешките цели на државата. Мицковски нема да може бескрајно да генерира политички кризи, ова еден ден ќе го измори и нивниот електорат. Изморени се од идеологиите произведени од лидер кој ја знае само каузата на излоација, и никоја друга. Северна Македонија нема други алтернативи освен патот кон ЕУ, додека лидери националисти немаат место на политичката сцена на земјава, изјави Салиу за „Фронтлајн“.

Од друга страна, продолжува дипломатската „акција“ во насока на разгледување на можноста за прифаќање на уставните амандмани од страна на опозицијата. Шефот на европската дипломатија Дејвид Гир најави дека одобрувањето на амандманите, без натамошно одлагање, ќе доведе до одржување на втората Меѓувладина конференција и почеток на прелиминарните преговори за членство. За ова, вели тој, потребни се отворени дебати и аргументи во Собранието без предрасуди од минатото и без страв за иднината.

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија, чија земја го презема претседавањето со Европската унија од почетокот на месецот, посочи дека Шпанија дава голема поддршка за проширувањето на Унијата и ги цени напорите на земјата во унапредување на патот на европската интеграција.

– Ја потврдувам поддршката на Шпанија за пристапување на земјата во ЕУ и Шпанија го предводи министерскиот форум за правда на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 октомври. Подготовките за тоа се во тек, изјави амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања изјавил дека уставните измени се дел од преговарачката рамка и обврска што Владата ја прифати. Тој додава дека се потребни се и храбри одлуки и компромиси кои не се секогаш популарни.

– Нашиот процес помина низ моменти кои беа нефер и не беа во корист на нашата земја, но ова е реалноста. Сега сме соочени со ова прашање, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми.

Уставните амандмани мора да бидат одобрени до крајот на процесот на скрининг.

Дестан Јонузи

извор Фронтлине.мк