Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ говорник на конференцијата „Западен Балкан: Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“ во Вашингтон

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на „Трансатлантската лидерска мрежа“ денеска во Вашингтон ќе се обрати на Конференцијата на тема: „Западен Балкан – Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“.

Во пресрет на почетокот на конференцијата беше организиран прием, каде Маричиќ имаше поздравен говор пред учесниците и домаќините на настанот, во кој изрази задоволство и чест за поканата и ги поздрави ваквите иницијативи кои ја зајакнуваат довербата и регионалната поврзаност, како и трансатлантските односи, врз кои ги градиме безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.

Соговорници на панелот во кој учествува вицепремиерот Маричиќ ќе бидат албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, министерката за европски интеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, Дејвид де Фалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија при американското Министерство за трговија, Јасмин Махмузиќ, директор на Агенција за банкарство на Босна и Херцеговина и Валбона Зенели од Европскиот центар за студии за безбедност, Центарот Џорџ Маршал.

На конференцијата организирана од страна на Трансатлантската лидерска мрежа, а во соработка со Центарот за Европа на Атлантскиот совет, ќе се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, на панелот посветен на енергетиката и енергетската независност.
Вицепремиерот Маричиќ работна посета на Соединетите Американски Држави ја завршува утре, на билатерална средба со специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар.

Можеби ќе ве интересира

ВД американската амбасадорка Варнс на средба со државниот јавен обвинител Савески

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК