За фрлањето на отпадот пред Дрисла, кое како телевизиско шоу се пренесуваше и во живо на социјалните мрежи фрчат казни од Градот Скопје.
Покрај Општина Кисела Вода, за депонирање на отпад казна добила и општина Сопиште. Двајцата градоначалници ќе треба да платат околу 140 илјади евра за казните за отпадот, информираше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
– Обидот да ми пише казна по џебот на граѓаните во оштината, покажа дека ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите и што е најстрашно ниту пак знае која е територијата која истата ја администрира. Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Данела Арсовска, Комунална хигиена и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа. Почнавме самите да се справуваме со отпадот. Неколку камиони беа упатени кон Дрисла и за чие одлагање нема потреба од никакво договор кои тие го спомнуваат бидејќи има одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени дека можат да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати“ соопшти денеска градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
– Ние немавме друга опција освен да го оставиме ѓубрето таму. Втората опција беше да го вратиме во општината, а тоа е недозволиво, рече Ѓоргиевски.
Рече дека се кае што некогаш и дал подршка на Арсовска.
И СДСМ излезе со жестока реакција до Данела Арсовка, но и Орце Ѓоргиевски. Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски, се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија, рекоа од владејачкиот СДСМ.
За тоа што Скопје е претворено во огромна депонија и што се дави во ѓубре, одговорноста е кај сите градоначалници на ДПМНЕ, кои не работат ништо, порачаа од владејачката партија.