Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНОИЗБОР

СДСМ: Скопје се дави во ѓубре поради неспособноста на ДПМНЕ, одговорноста е кај Мицкоски

Изјава за медиуми, Петар Петковски од СДММ:

Почитувани граѓани,

Неколку дена Скопје се дави во ѓубре поради неспособноста на ДПМНЕ.

Преполни контејнери, неисчистен смет, смрдеа…со еден збор целосен хаос.

За скопјани има опасност од зарази поради неисчистеното ѓубре.

Одговорност за тоа што Скопје тоне во ѓубре е директно кај Христијан Мицкоски и градоначалниците од ДПМНЕ.

Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје. Но скопјани добија загаден, нечист, нефункционален град кој не може со ѓубре да излезе на крај а не да се развива.

Неспособноста и неработата на градоначалниците на ДПМНЕ во другите општини во Скопје се исто така дел од проблемот и директни соучесници.

Оние што го создадоа проблемот не можат да го решат.

Шпицниот градоначалник Мицкоски даваше изјава синоќа затоа што знае дека е виновен.

Но ништо не е направено и ништо не е исчистено. Ниту градоначалниците на ДПМНЕ нешто сработеле, ниту чистеле.

Со едно ѓубре не можат ДПМНЕ и нивните неспособни градоначалници да излезат на крај е не градот да се развива.

Секогаш кога ќе добие глас од граѓаните ДПМНЕ се случува хаос и уназадување.

Неработа, неспособност и раце во медот, тоа се одликите на градоначалниците на ДПМНЕ и на Мицкоски.

Спонзорирано: