Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај за утре (11.07.2023) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник (11.07.2023), поради одржување на марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Имено, со почеток од 18.30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ од крстосницата со ул.„Втора Македонска Бригада“, дел од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Кемал Сејфула“, потегот од ул.„Цветан Димов“ до ул.„Џон Кенеди“ и од ул.„Цветан Димов“ до бул.„Крсте Петков Мисирков“. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК