Од една фамилија, над 40 лица се вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Ова вечерва го соопшти градоначалничката Данела Арсовска.
На новинарите им покажа документ на кој стоеше презиме, како и повеќе имиња. Во делот на функции, стоеја: метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.
„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ има вработено се што му е род до шесто колено.
Од една фамилија има над 40 вработувања. Од втора фамилија има над 30 вработувања. И овие мафијаши нема да бидат повеќе толерирани во Градот Скопје“, рече Арсовска.